Кавани бара трансфер во Барса

од Nikola Popovski

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани побарал од својот агент да му обезбеди трансфер во Барселона следното лето.

Кавани моментално е играч на Манчестер Јунајтед, веќе е во доцните години и сака да одигра забележителна улога на Олд Трафорд.

Тоа се промени со доаѓањето на Кристијано Роналдо, а Кавани го плати „цехот“ со купувањето на Португалецот.

Само двапати Кавани беше стартер во Премиер лигата, иако беше повреден. Сега изразил желба кариерата да ја продолжи во Шпанија.

Тој исто така има намера да игра барем до Светското првенство во Катар и да настапува за Барса пред да ги „закачи копачките на ѕид“.

34-годишниот Уругваец досега во својата кариера настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, Пари Сен Жермен и од минатата година за Манчестер Јунајтед.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува следниот јуни.

 

Слични содржини