Казнети 33 возачи поради неатестирани фолии и флешери

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека санкционирале 33 возачи за затемнети стакла и флешери.

„Од нив, 31 возило имало вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а две возилa поседувале уреди за светлосни и звучни знаци“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштија од МВР.

Слични содржини