„ЌЕ ИМА НОВ ПОТОП!“: Папата Франциск издаде драматично предупредување

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск испрати предупредување до човештвото дека на светот му се заканува пропаст, нов потоп. За разлика од библискиот потоп, кој беше плод на божествениот гнев, овој пат човекот може да го доведе до него поради климатските промени.

Предупредувањето на поглаварот на Римокатоличката црква е испратено во книгата на Марко Пока, која треба да биде објавена овој месец. Пока, кој исто така е свештеник, напиша книга со разговори со папата „За гревовите и доблестите“, чии извадоци беа објавени од италијанската „Кориере дела сера“.

Папата Франциск наведува дека човештвото треба да обрне внимание на глобалното затоплување, корупцијата и неправдата во светот.

Потсетувајќи се на библискиот потоп, папата повика на размислување за зголемувањето на температурите и топењето на глечерите како опасна закана, пред да биде предоцна.

Ако луѓето не го променат својот став кон тоа прашање, Бог ќе го „исчисти“ светот од корупција и неправди, навел папата.

Работите како претпазливост, сочувство и емпатија не треба да се забораваат кога се занимавате со светски проблеми, додаде тој.

Папата исто така повика на зачувување на верата, бидејќи, како што рече, „природно е христијаните да се сомневаат во верата и Бог, но и покрај нив да не се откажуваат од верата“.

Извадоци од книгата беа објавени во пресрет на посетата на Папата на Ирак, прва официјална посета на римокатолички водач на друга земја од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини