Ќе се доделат 210 таблети за ромски ученици

од Берта Китинска

Здружението на граѓани Ромаверзитас, во соработка со тим лидерите на граѓанската иницијатива АВАЈА, ќе додели 210 таблети за ромски ученици во средно образование и 10 ГБ интернет во рамки на проектот „Ромаверзитас во ургентни ситуации, Се грижиме за вашето образование“ (Код на проектот MAC 133), финансиски поддржан од Ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд.

Целта на оваа интервенција е да обезбеди запишување во високото образование и намалување на веројатноста за напуштање на образованието на ромските средношколци, преку обезбедување услови и спроведување едукативни активности за средношколци кои учествуваат во програмата.

Таблетите ќе се дадат на користење на средношколци претежно од втора и трета година и лица кои ќе се запишуваат на факултет и ги исполнуваат критериумите. Родителот или старателот на корисникот потпишува договор за услугата и важи само за семејства во социјален ризик или семејства кои користат гарантирана минимална помош, за семејства со ниски приходи или домаќинства кои немаат соодветни услови и други смарт уреди.

Програмата, имплементирана од здружението на граѓани Ромаверзитас, ги вклучува овие средношколци во неколку едукативни активности, како што се туторство за упис и запишување во високо образование, онлајн курс за компјутери, кариерно советување и подготовка на план за користење на активните мерки за вработување и учество во обуки за градење вештини. Во овие активности ќе бидат вклучени половина од средношколците кои ќе добијат таблети.

Доделувањето таблети ќе биде во соработка со општините, директорите на средните училиште и структурите на АВАЈА овој начин, преку низа активности, ќе се поттикнува запишувањето во средното и високото образование, почитување на квотите за упис во рамки на уписните рокови, намалување на осипот во образованието предизвикани од неповолните услови со кои се соочува ромското население и кои што дополнително се отежнати од кризата предизвикана од КОВИД 19 и ќе го охрабрува учеството на средношколците во програмата за градење вештини во рамки на неформалниот колеџ спроведуван од Ромаверзитас.

Ромскиот Образовен Фонд преку поддршката која што ја дава на Ромаверзитас, како еден од главните донатори активно придонесува во развојот на млади успешни Роми (студенти и средношколци) спремни да бидат идните лидери кои ќе направат промени за Ромската заедница.

Слични содржини