Ќе се исплаќа К-15: Колку пари треба да ви легнат на сметка до крајот на годинава?

од Берта Китинска

До крајот на декември на сметката на секој вработен работодавачот треба да уплати регрес за годишен одмор или К-15 кој и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.

Минималниот износ за оваа година е 10.884 денари.Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.

Оваа година и на вработените во државната администрација ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на владина седница.

Со оваа одлука се опфатени и судовите, јавни обвинителства, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови, центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Пред извесен период премиерот Зоран Зев изјави дека законот за приватниот сектор и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат докрај.

„Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15“, изајви Заев.

Во Колективниот договор, утврдено е дека  работниците имаат право да тужат за да го добијат предвидениот износ, а според Законот ова побарување на работниците не застарува во рок од три години, односно до 31 декември 2023 година до кога Владата може да ја одлага исплатата на парите за К-15.

Законот предвидува и казна до 4.000 евра за работодавачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените.

Слични содржини