Ќе се изненадите: Пејачката покажа што носи во минијатурната чанта

Популарната пејачка Лизо стана хит на интернетот кога на доделувањата на Американските музички награди се појави со минијатурна бела чанта, со потпис на модната куќа Валентино.

Иако трендот на мини чанти ја обележа минатата година, нејзината беше најмалата која ја видовме, а откако ја прошета по црвениот тепих многумина се запрашаа што носи во неа.

Доколку се уште ве мачи тоа прашање, конечно можете да воздивнете бидејќи Лизо на својот Инстаграм објави видео во кое ја покажала содржината на својата мини чанта. Ќе се изненадите.

View this post on Instagram

YALL WANNA KNOW WHATS IN MY TINY BAG BITCH? 😏

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating) on

Видеото за само 14 часа имало три милиони прегледи и десетици илјади коментари од нејзините следбеници.

Слични содржини