Ќе тераме дневна кафе-шема со социјална дистанца: Угостителите се подготвуваат да почнат со работа (ГАЛЕРИЈА)

од Берта Китинска

Низ центарот на Скопје на летните тераси се поставуваат маси и столици, согласно препораките за држење на растојание од два метри. Голем дел од угостителите меѓу масите поставуваат и паравани, за да нема контакт меѓу гостите.

Откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека од наредната недела угостителските објекти ќе се отворат, денеска низ градот  можеше да се заблежи како вработените ги подготвуваа локалите за повторно отворање.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини