Кејт Хадсон позираше топлес, па наиде на бројни критики (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата американска актерка Кејт Хадсон (44) ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи кога позираше во костим за капење, поточно само во долниот дел, a градите ги покри со книга. Иако на 44-годишна возраст оваа актерка има завидна фигура, многумина ја критикуваа поради потегот затоа што е мајка.

Во серијата фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил, таа откри дека се дружела со семејството на базен.

Во една од фотографиите таа позираше и свртена со грб кон камерата, а минијатурниот костим за капење го откри нејзиниот заден дел, што на многумина не им се допадна.

„Облечи се, мајка си“, „Колку си бесрамна“, „Кејт, не!“, „Престани да бараш внимание“, „Биди малку поскромна, сепак имаш ќерка“, „О не Кејт, ова не ти требаше“, напишаа следбениците под објавата.

Слични содржини