Кејт Мидлтон блесна во шик издание и омилените рамни чевли за оваа сезона (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата од Велс не можеше да одолее на балетанки и вешто ги усогласи со кралски сини панталони, бел топ и шик беж сако.

Кејт Мидлтон го помина денот на семејно патување во шкотскиот Глостершир, каде што со принцот Вилијам и нивните три деца го посети познатиот аеродром од кој беше испратен ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора.

Целото семејство блесна во елегантен стајлинг во комбинации на бела, беж и кралско сина боја, а принцезата од Велс се истакна во особено шик стајлинг.

Имено, Кејт носеше елегантно беж сако со вертикални бели пруги и ефективни странични копчиња од модната куќа Blaze Milano, а го усогласи со непогрешливата класика на лежерна бела маичка и скроени кралски сини панталони.

Но, она што најмногу се истакна е нејзиниот избор на чевли бидејќи отстапи од класичните поформални опции и го избра најпосакуваното парче оваа сезона – рамните балетанки.

Нејзините тренди чевли доаѓаат со потписот на луксузниот бренд Emmy London и се истакнуваат со кадифениот материјал и шпиц завршетокот. Таа претходно ги носеше на хуманитарен настан во јуни.

Слични содржини