Кејт Мидлтон навести за полот на третото бебе

од Vladimir Zorba

Кејт Мидлтон, која напролет го очекува раѓањето на своето трето дете, се појави пред јавноста во Лондон во елегантен фустан во сина боја. Фановите на кралското семејство веднаш почнаа да шпекулираат дека Кејт и Вилијам ќе имаат син.

36-годишната Кејт во вторникот, 27 февруари, го посети Кралскиот колеџ за акушерки и гинеколози во Лондон. Војвотката, која е во седмиот месец од бременоста, е вклучена во дискусиите за женските здравствени проблеми. Многумина веруваат дека со нејзиниот син фустан, Војвотката навестила на општеството за полот на нејзиното идно дете.

Набљудувачите исто така забележале сини ѓердани на Кејт, кои чинат 8.400 фунти и сините обетки од G. Collins & Sons.

Британските новинари тврдат дека накитот на Мидлтон се подарок од нејзиниот сопруг Вилијам во чест на раѓањето на момчето.

Во меѓувреме, претставниците на Кенсингтон палатата соопштија на официјалната страница на Твитер дека Кејт станала кралски патрон на уште две добротворни организации – Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози и фондот Nursing Now.

Во колеџот, професор Лесли Рига и останатите вработени на образовната установа раскажаа на војвотката за програмата за здравството, чија главна задача е намалување на нивото на смртноста на мајките и новороденчињата. Фотографии од средбата е појавија во официјалната страница на социјалните мрежи на Кенсингтон палатата.

Слични содржини