Ќерката на Џесика Алба го прослави својот 13-ти роденден, сите зборуваат за нејзиниот изглед (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Џесика Алба, Хонор, го слави својот 13-ти роденден, а гордата мајка реши да го одбележи денот објавувајќи на социјалните мрежи.

„Мојата тинејџерка!!!! Хонор – да, веќе си далеку повисока од мене, на што сакаш да ме потсетуваш. Но имаш златно срце исполнето со сочувство, страшно си паметна, духовите и многу учтива. .. Јас сум толку горда на тебе“, напиша Алба во описот на фотографијата од нејзината ќерка.

Алба, која со сопругот Кеш Ворен ги има и 9-годишната ќерка Хевен и тригодишниот син Хејс, призна дека е исклучително емотивна во последно време. Како што истакна, таа често плаче кога ја гледа својата ќерка, сето тоа поради големата љубов што ја чувствува кон неа, но и благодарноста што ја има честа да ѝ биде мајка.

„Те сакам со сето срце и душа“, ѝ порача Алба.

Покрај бројните честитки за роденденот, следбениците ја опсипаа со коментари на сметка на сличностите меѓу Хонор и Џесика.

„Таа е твоја копија“ и „Исти сте, преслатко!“, се само некои од таквите коментари.

Слични содржини