Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас го оживеаја бракот

од Vladimir Zorba

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас доживуваат ренесанса на својата врска. Холивудската двојка повторно е заедно, а на социјалните мрежи се вратија семејните снимки.

Кетрин и Мајкл се разделија во 2013 година, а официјалното соопштение тогаш беше дека ќе дадат “одмор” на бракот. Во овој одмор сепак и двајцата искусија доста тешки моменти.

Даглас беше дијагностициран со рак, а неговата сопруга влезе по своја желба во центар за рехабилитација, каде го лекуваше своето биполарно растројство.

72-годишниот Даглас откри дека лекувањето од рак му помогнало да го “оцени на непознат начин својот живот” и дека благодарение на него тоа и неговата сопруга се поблиски од било кога.

Слични содржини