Кичевски демантира: Не сум учествувал во тепачка во кафеана во Дебар Маало

од Vladimir Zorba

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски ги демантираше информациите кои се појавија во одредени портали дека учествувал во групна тепачка во кафеана во Дебар Мало.

„Во текстот беа наведини неточни информации кој го рушат мојот углед и угледот на претпријатието со кое управувам“, вели тој.

„Би сакал најострого да ја демантирам оваа информација за било каква инволвираност од моја страна во вчерашиот инцидент кој се случи во ресторанот Дебар Мало.

Имено, сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Двајца за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели. За овој инцидент има и видео запис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан. Барам извинување од порталот СДК и корегирање на текстот бидејќи ниту бев нападнат ниту учествував во инцидентот.

Инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена“, вели Кичевски.

Слични содржини