Киднапирани 136 ученици од муслиманско училиште во Нигерија

од Stefanija Kuzmanovska

Нигериските власти потврдија дека 136 ученици биле киднапирани од приватно муслиманско училиште во државата Нигер, во централниот дел на земјата.

„Владата на државата Нигер потврдува дека бројот на ученици киднапирани од разбојници во муслиманското училиште Салиху Танко, кое се наоѓа во Тегина, е 136“, објавија властите на Твитер.

Безбедносните сили „прават сè за да обезбедат безбедно враќање на децата“, уверува владата, но работи „внимателно во потрага по разбојниците за да се избегне колатерална штета“.

Во неделата, вооружени лица упаднаа во градот Тегина, отворија оган, а потоа убија едно лице и ранија друго, а потоа ги киднапираа децата.

За време на нападот во училиштето имало околу 200 деца. Некои успеале да избегаат, а киднаперите ослободиле неколку од нив, на возраст од четири до 12 години, бидејќи тие биле „премногу мали за да одат“, изјави за агенцијата „Франс Прес“ еден од службениците на училиштето.

Слични содржини