Киднапирани 17 американски мисионери на Хаити

од Vladimir Zorba

Група од 17 американски христијански мисионери, меѓу кои и деца, беа киднапирани на Хаити, соопштија локалните власти.

Мисионерите тргнале од сиропиталиштето во куќите и потоа биле киднапирани, се наведува според соопштението од организацијата „Христијанска помош“ од Охајо, пренесе АП.

Исто така, се наведува дека директорот на мисијата на терен е во контакт со американската амбасада и дека семејството на директорот и уште еден човек биле во седиштето на мисијата, додека сите други, кои биле во посета на сиропиталиштето, биле киднапирани.

Не беа објавени повеќе детали.

Портпаролот на американската влада рече дека САД се свесни за извештаите за киднапирање.

„Безбедноста на американските граѓани во странство е еден од највисоките приоритети на Министерството за надворешни работи“, рече портпаролот, одбивајќи дополнително да коментира за ситуацијата.

Слични содржини