Киев: Еврејските организации да ја осудат срамната изјава на Лавров

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи, Олег Николенко, денеска ги повика еврејските организации да ги осудат коментарите на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во кои тој ги споредува мерките што Западот ги презема против Русија со холокаустот.

„Ги повикуваме еврејските заедници да ја осудат срамната изјава на Сергеј Лавров за изедначување на Русите, кои водат агресивна војна против суверена нација, со Евреите кои беа убиени од нацистите за време на холокаустот“, напиша Николенко на својот профил на Твитер, додавајќи дека „не смее да се толерира рускиот антисемитизам спонзориран од таа земја“, пренесува „Ројтерс“.

Лавров на почетокот на неделава изјави дека Западот води прокси војна со Русија преку Украина и дека нивната цел, меѓу другото, е конечното решение на руското прашање.

Слични содржини