Киев. Најголемиот удар во контраофанзивата доаѓа допрва

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар изјави дека „најголемиот удар“ во украинската контраофанзива допрва доаѓа, но таа призна дека тоа е тешка операција бидејќи Русија прави се што може за да ја спречи.

„Непријателот нема лесно да се откаже од своите позиции и мора да се подготвиме за тежок дуел. Всушност, тоа се случува токму сега“, наведе таа на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.

Додаде дека операцијата која е во тек има неколку цели и дека армијата ги исполнува тие задачи.

Слични содржини