Киев: Соборивме 11 од 14 руски дронови

од Stefanija Kuzmanovska

Русија изврши 14 напади со дронови и пет ракетни напади во текот на ноќта, соопшти украинската војска, додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана собориле 11 дронови.

Украинските воздухопловни сили навеле на Телеграм дека целта на Русија бил главно југот на Украина, пренесе „Ројтерс“.

Регионалниот гувернер на Одеса, Олех Кипер на Телеграм навел дека при нападот на пристаништето на Црното Море биле ранети две лица.

Слични содржини