Ким Јонг-ун ја одведе својата ќерка на лансирање на балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska

Татко и ќерка шетаат рака под рака покрај оружје за масовно уништување. Ова му го покажа на светот Северна Кореја во саботата кога државните медиуми ги објавија првите фотографии на Ким Јонг-ун со дете за кое се верува дека е неговата ќерка Ју Ае, како вршат проверка на интерконтинентална балистичка ракета, пишува Си-Ен-Ен.

Северна Кореја соопшти дека ракетата лансирана во петокот од меѓународниот аеродром во Пјонгјанг е Хвасонг-17, огромна ракета која теоретски може да носи нуклеарна боева глава до копното на САД.

Дали е таа наследничката?

Но, дури и откако Ким предупреди дека неговите нуклеарни сили се подготвени да се вклучат во „вистинска војна“ со Вашингтон и нејзините сојузници Јужна Кореја и Јапонија, вниманието на светот го привлече девојчето, а не проектилот.

Што значеше нејзиното присуство на лансирањето? Дали таа може да биде наследничка на Ким? Каква врска има 9-годишно девојче со нуклеарно оружје?

Леиф-Ерик Исли, вонреден професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха Воманс во Сеул, рече дека присуството на девојчето треба да се гледа од домашна перспектива.

„Надвор од Северна Кореја, можеби изгледа лудо да се позира пред камерите рака под рака со дете пред проектил со долг дострел дизајниран да носи нуклеарно оружје. Но, внатре во Северна Кореја, наводното успешно лансирање на најголемиот во светот мобилен интерконтинентален проектил е причина за национална прослава“, рече Исли.

Слични содржини