Ким Бесинџер отворено проговори за нарушувањето со кое се бори: „Не излегував од дома“

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Бесинџер (68) последниве години ретко се појавуваше во јавноста, а сега отворено проговори за нарушувањето со кое се бори.

Актерката, која своевремено беше прогласена за најубава жена на светот, гостуваше во подкастот „Red Table Talk“ на Џејда Пинкет Смит и призна дека се бори со агорафобија.

Тоа е еден вид на анксиозно растројство поради кое луѓето избегнуваат јавни места, но и места и ситуации кои предизвикуваат паника кај нив.

„Морав повторно да научам да возам, со години не сакав да возам низ тунелите во Малибу. Сето тоа ме правеше нервозна, морав да се мачам да сфатам што да правам сега“, навела таа.

„Не излегував од дома, не одев на вечери. Навистина е ужасно кога човек кој живеел како мене не знае што се случува. Сè се изгасна во мене”, додала актерката.

Во истиот подкаст беше и нејзината ќерка Ајрланд Болдвин (26) која зборуваше за зависноста.

„Во моето семејство има многу случаи на алкохолизам и зависност од дрога. Не можев ни да спијам поради алкохолот и апчињата“, признала таа.

Слични содржини