Ким Џонг-ун го одобри лансирањето на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Џонг-ун изврши инспекција на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја и даде зелено светло за неговиот „иден акционен план“, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

За време на неговата посета на севернокорејската воздухопловна агенција, тој нагласи дека извидувањето од вселената е клучно за соочување со САД и Јужна Кореја, пренесува АР.

За време на посетата во вторникот, Ким одобри неодреден „иден акционен план“ како подготовка за лансирање на сателитот, соопшти севернокорејската новинска агенција KCNA.

Слични содржини