Ким Кардашијан откри дека изгубила 7 килограми за 21 ден: „Не јадев само две работи“

од Stefanija Kuzmanovska

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) ги маѓепса погледите на неодамна одржаната Мет Гала во култниот фустан кој го носеше познатата Мерлин Монро, а тесниот фустан во кој се појави на црвениот тепих ја истакна и нејзината витка линија.

Многумина го пофалија нејзиниот нов изглед, а по еден од најважните модни и славни настани во годината, беше заклучено дека Ким ја „средила“ линијата за само три недели за да „ја собере“ во култниот фустан благодарение на диетата од која исфрлила само две намирници. Резултатот е седум килограми помалку и линија која го одзема здивот!

„Фустанот го носеше Мерлин Монро кога во 1962 година му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди. Го пробав и едноставно не функционираше. Ми кажаа дека ќе ми дадат три недели да ослабам седум килограми. Тоа беше голем предизвик. Бев решена да го носам фустанот и не јадев шеќер и јаглехидрати 21 ден. Редовно имав зеленчук и протеини на моето мени. Не гладував, но бев на строга диета. И еве ме“, ја откри Ким тајната на својата витка линија на дописникот на Vogue на црвениот тепих.

Слични содржини