Кин ги нападна играчите на Јунајтед и клубот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Манчестер Јунајтед не може да ја пронајде формата од почетокот на 21 век. Не се ни блиску до клубот кој доминираше во Премиер лигата во ерата на Алекс Фергусон, па најблаго кажано, и на навивачите и на легендите на клубот веќе им се гади.

Рој Кин, легендарниот капитен на Јунајтед, секогаш е остар и не се двоуми да критикува. Поради својата отвореност и фудбалска генијалност, брзо стана миленик на навивачите, а и сега не се плаши да каже што мисли.

Јунајтед се посрамоти на отворањето на Премиер лигата бидејќи Брајтон победи релативно лесно со 2:1. Сега Кин реши да каже се што му паѓа на ум.

„На играчите од средниот ред на Манчестер Јунајтед им недостига фудбалска интелигенција, особено на Фред. Ова го кажувам долго време, Фред и Мектомини едноставно не се доволно добри. Тие нема да го одведат Манчестер Јунајтед на врвот. Гледаме од недела во недела дека не се доволно добри, едноставно не се на висина на задачата што им беше поставена“, рече Кин.

Не застана тука бидејќи не му се допадна ниту однесувањето во клубот.

„Многу ПР доаѓа од клубот откако дојде Тен Хаг. Дали конечно почнаа да тренираат како што треба? Фала му на Бога! Па, тоа е нивна работа! Што се однесува до Роналдо, не смее да се дозволи да го напушти клубот и после него да останеме убедени дека Марсијал е одговорот за позицијата напред. Тој едноставно не е. Имаше пристојна претсезона. Па што!?“

Слични содржини