Кина ги отфрла обвинувањата на САД дека шпионира критична инфраструктура на Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеските власти денеска ги отфрлија тврдењата дека нивните шпиони се инфилтрираат во западната инфраструктура, нарекувајќи го заедничкото предупредување издадено од САД и нивните сојузници „колективна кампања за дезинформации“.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека предупредувањата од САД, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд имале за цел да ја промовираат нивната разузнавачка алијанса, позната како „Пет очи“.

Таа додаде дека Вашингтон е виновен за хакирањето, а САД се хакерска империја, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини