Кина отфрли понатамошни истраги за потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Кина во петокот ги отфрли повиците на Светската здравствена организација (СЗО) за повторно отворање истрага за потеклото на KОВИД 19, велејќи дека ги поддржува „научните“, а не „политичките“ напори да се открие како настанал вирусот.

Повторно расте притисокот врз Пекинг да спроведе нова истрага за почетокот на пандемијата од која загинаа повеќе од четири милиони луѓе и парализира[e економии ширум светот откако се појави во кинескиот град Вухан.

Тим меѓународни експерти на СЗО отпатуваа во Вухан во јануари 2021 година за да состават извештај за потеклото на коронавирусот, напишан заедно со нивните кинески колеги.

Не успеаја да најдат конечна позиција за тоа како се појавил вирусот, пишува АФП.

СЗО во четвртокот ја повика Кина да ги сподели податоците за најраните случаи на КОВИД 19 за да ја обнови истрагата за потеклото на болеста.

Кина одговори, повторувајќи ја својата позиција дека првичната истрага е доволна и дека повиците за дополнителни податоци се мотивирани од политика наместо научни истражувања.

Слични содржини