Кина порача: Ниту една сила не може да го спречи ова

од Симе Стоиков

Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди холандскиот премиер Марк Руте да не создава „технолошки бариери“, по одлуката на Холандија да воведе контрола на извозот на опремата со микрочипови.

„Вештачкото подигање на технолошките бариери и прекинувањето на индустриските и синџирите на снабдување само ќе доведе до поделба и ривалство“, рече Си Џинпинг

Тој додаде дека „ниту една сила“ не може да го запре темпото на технолошкиот развој и напредок на Кина.

Тој му предложи на Руте двете земји да ја зајакнат соработката, меѓу другото, во области како што е вештачката интелигенција.

Кинеските државни сајбер шпиони добија пристап до холандска воена мрежа минатата година, соопшти минатиот месец разузнавачката агенција MIVD, нарекувајќи го дел од трендот на кинеска политичка шпионажа против Холандија и нејзините сојузници.

Тоа беше прв пат Холанѓаните јавно да и припишат сајбер напад на Кина.

Слични содржини