Кинески и руски авиони во одбранбената зона на Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја денеска подигна борбени авиони откако два кинески и шест руски авиони влегоа во идентификациската зона на противвоздушната одбрана на земјата (КАДИЗ), соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

Во соопштението се наведува дека кинеските бомбардери Х-6 неколку пати влегувале и излегувале во КАДИЗ, пренесува „Ројтерс“.

Неколку часа подоцна, како што е соопштено, тие повторно влегле во областа од правец на Јапонското Море заедно со руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери ТУ-95 и ловци СУ-35.

Слични содржини