Кинезите ги дезинфицираат градовите поради коронавирусот (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кинеските градови почнаа на нов начин да се борат со ширењето на коронавирусот, односно со дезинфицирање на градовите.

Државната новинска агенција Синхуа постави видео снимка на својот Твитер налог, на која се гледа како десетици камиони во колона во градот Лоуџанг распрснуваат дезинфекциски спреј и на тој начин помагаат во спречување на ширењето на коронавирусот.

Бројот на починати од новиот вирус во Кина се зголеми на 1.016 лица, соопшти кинеската здравствена комисија. Во земјата вчера од коронавирусот починаа 108 луѓе, што е најсмртоносниот ден досега.

Слични содржини