Кинезите направија болница за само 10 дена: Утрово се примени првите пациенти, вака изгледаше изградбата (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кинезите во Вухан направија нова болница за само десет дена.

Како што пренесува БиБиСи изградбата почна 24 јануари, а утрово примени се првите пациенти.

Новата болница се простира на околу 25.000 метри квадратни и има 1.000 кревети.

На изградбата на болницата работеле повеќе стотина работници, а нејзиното напредување секојдневно го пратеа милиони гледачи во живо преку интернет.

Болницата е изградена по модел од Пекинг 2003 година каде само за една недела била изградена болница за пациенти со вирус САРС од кој починале 774 лица. Изградбата на втората болница ќе биде завршена во среда, 5 февруари, а отворена на 6 февруари.

Од коронавирус засега починале 362 лица, а заразени се преку 17.000.

Слични содржини