Кирацовски: Влезот во ЕУ и НАТО значи повеќе можности за младите (видео)

од desk2

На 30-ти септември ќе донесеме историска одлука која се однесува на иднината, и за доброто на идните генерации, на доброто на младите. Влезот во ЕУ и НАТО целосно ги отвора перспективите и нуди неограничени можности за младите, изјави денеска Александар, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.


– Со почетокот на преговорите, а потоа и со членството во ЕУ, младите од Македонија ќе бидат рамноправни со своите врсници од Европа. Полесен пристап до стипендии и школарини, можности за пракса, обука и специјализации во земјите на ЕУ, слободно патување, дружба и размена на искуства и знаење од развиените држави се само дел од придобивките со членството во ЕУ. За младите претприемачи тоа значи и слободен пристап на пазар од 500 милиони потрошувачи, додека за младинските организации значи и поголема соработка и креирање на квалитетни младински политики.

Младите во Македонија ги препознаваат придобивките од членството во ЕУ и НАТО и затоа се силно определени ЗА европска Македонија. Младите луѓе први ги најавија промените и сега први ја најавуваат иднината во европска Македонија. На 30 септември, младите масовно ќе заокружат ЗА влез во ЕУ и НАТО и затоа ве повикувам сите да го следиме нивниот пример и на 30-ти септември сите заедно да заокружиме ЗА европска Македонија!, изјави Кирацовски.

Слични содржини