Каде што има сила нема правдина, се огласи на Фејсбук Александар Кирацовски од СДСМ во врска со случајот „Тортура“.

-Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за апсењето на Љубе Бошковски (случај „Тортура”) – „Каде што има сила нема правдина“.., само не знам од каде се уште сила во Мијалков. Целата јавност внимателно ги слушаше аудиоснимките кои заедно со контекстот на тогашната ситуација за време на режимското владеење јасно сведочат дека на ден после парламентарните избори 2011 година, Љубе Бошковски беше наместен, уапсен и неправедно осуден поради политичка освета. Треба уште да зрееме како општество штом сметаме дека проблемот со Р. Бугарија е единствената пречка за почеток на преговорите со ЕУ – напиша Кирацовски.

Мијалков и полициските Алфи вчера беа ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Слични содржини