Ќерката на соборениот претседател на Нигер: „Моето семејство е држено во нехумани услови“

од Stefanija Kuzmanovska

Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум и неговото семејство се држени во нехумани услови од членовите на хунтата, тие ја исклучија струјата во претседателската резиденција, оставајќи ги брзо да губат тежина додека храната им скапува во фрижидерот, изјави ќерката на претседателот, Зазија Базум за британскиот весник „Гардијан“.

Зазија Базум, која беше на одмор во Франција кога Мохамед Базум беше приведен од неговата претседателска стража минатиот месец, рече дека е во речиси секојдневен телефонски контакт со нејзиниот татко, мајка и брат, за кои вели дека живеат без чиста вода и се потпираат на залихи од ориз и тестенини, додека им снемува гас за шпоретот.

„Ситуацијата на моето семејство е многу тешка во моментов“, рече таа во телефонски разговор од Париз.

Слични содржини