Клименко: Шест лица, меѓу кои и бебе, загинаа во руско гранатирање на Херсон

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили денеска гранатираа две села во јужната украинска област Херсон, при што загинаа шест цивили, меѓу кои и едно бебе, соопштија украинските власти.

„Брачна двојка и нивното бебе, старо само 23 дена, како и еден маж, загинаа во селото Широка Балка“, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Второто дете на загинатата брачна двојка, 12-годишен син, е тешко повреден.

Две лица загинаа, а едно лице е повредено во соседното село Станислав, кое, како што наведе Клименко, дури 12 пати било погодено од артилериски оган.

„Терористите никогаш доброволно нема да престанат да убиваат цивили. Терористите мора да бидат запрени. Со сила. Тие не разбираат ништо друго“, напиша Клименко на каналот Телеграм.

Украинската армија во ноември минататра година ја поврати контролата врз западниот дел од областа Херсон, но руските сили и натаму редовно да ја гранатираат областа од другата страна на Дњепар.

Слични содржини