Кливленд се реваншираше на Оклахома за катастрофалниот пораз

од Vladimir Zorba

Драматичните промени во Кливленд минатата недела дефинитивно можат да се покажат како една од најубавите работи кои му се случиле на тимот по подолго време.

Откако го победија Бостон во неделата, новиот тим на Кавс сега постигна нова импресивна победа, овој пат со 120:112 како гости над Оклахома Сити.

Леброн Џејмс ги поведе младите со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции, а тимот им врати на „громовите“ за понижувачкиот пораз, кој пред помалку од еден месец победија во Охајо со 148:124. Обновениот Џеј Ар Смит додаде 18 поени, а повторно се виде дека целокупното расположение во тимот е различно.

„Мојата задача е да направам новите момчиња да се чувствуваат максимално добро, а пак тие сакаат да ја користат можноста, која ја имаат“, изјави Џејмс.

Родни Худ и Џордан Кларксон постигнаа по 14 поени за победниците, а Лери Нанс додаде уште 13 и 9 скока, од кои 8 во напад.

За домаќините, по повреди се вратија Кармело Ентони и Расел Вестбрук и забележаа 24, односно 21 поен, Пол Џорџ постигна 25, Стивен Адамс 22 и зеде 17 скока, но останатите едноставно немаа придонес. Гостите се одделија одлучно во почетокот на вториот дел, кога поведоа со 100: 89 и до крајот не беа загрозени.

Останатите резултати:

Торонто – Мајами 115: 112
Милвоки – Атланта 97:92
Минесота – Хјустон 108: 126
Далас – Сакраменто 109: 114
Денвер – Сан Антонио 117: 109.

Слични содржини