Клоп: Џерард сигурно ќе биде тренер на Ливерпул

од Nikola Popovski

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека Стивен Џерард во иднина ќе седне на клупата на „црвените“, пренесуваат англиските медиуми.

Легендарниот Стиви Џи се враќа на Енфилд во сабота, но како менаџер на Астон Вила.

„Знае како да му пристапи на натпреварот, но веројатно нема поим како ќе се чувствува на стадионот. Првпат го доживеав тоа во Мајнц, а потоа и во Дортмунд. Можев да се снајдам, сигурен сум дека и Стиви добро ќе се снајде. Само се надевам дека нема да има на што да се радува“, изјави Клоп.

„Тој е пријател со 99,9 отсто од луѓето кои работат во овој клуб. Тие 0,1 отсто се уште не го запознале. Никој никогаш не кажал лош збор за него“.

Запрашан дали има совет за помладиот колега, германскиот тренер одговори:

„На врвните играчи не им е лесно да станат големи менаџери, но тоа е можно. Џерард го има она што е потребно. Можеше да ме праша за совет, но не му беше потребен“.

Клоп најавува дека неговиот тим ќе оди на победа.

„Ние сме професионалци, ќе дадеме се од себе. Сигурен сум дека навивачите убаво ќе го пречекаат Џерард, бидејќи тој тоа го заслужува, но ни треба сите да бидат со нас во текот на натпреварот“.

Запрашан дали во иднина го гледа Џерард на клупата на Ливерпул, Клоп одговори:

„Да сигурно. Кога е вистинското време за тоа. Тоа дефинитивно ќе се случи и ќе биде добро за сите“.

Слични содржини