Клоп: Не е совршено, но не е ниту катастрофа

од Stefanija Kuzmanovska

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за формата на неговиот тим во Премиер лигата.

Тимот од „Енфилд“ постигна само еден гол на последните четири натпревари и падна од првата на четвртата позиција на табелата.

„Разбирам дека има потреба да се зборува за тоа, но не можеме да го смениме тоа за една минута“, рече Клоп и додаде:

„Мора да бидеме смирени во оваа ситуација – не е катастрофа, но не е ниту совршено. Видов многу добри работи на натпреварот со Јунајтед. Бидејќи не победивме, никој не беше заинтересиран за нив. Не постигнавме гол, тоа е тоа. Тоа е сè. Тоа е тоа. Тоа е само работа што треба да ја завршиме. Знаеме дека не сме таму каде што сакаме да бидеме. Ние се бориме, а луѓето не се задоволни кога нема резултат“.

Клоп додаде дека Џоел Матип ќе биде подготвен за мечот со Барнли во четврток, додека Диого Жота ќе биде надвор од терените уште неколку недели поради повреда на коленото.

Ливерпул последен пат ја освои Премиер лигата на 19 декември – оттогаш има три нерешени натпревари и пораз, со што се спушти на четвртото место на табелата. Барнли доаѓа на „Енфилд“ вечерва (21.00 часот) и крајно време е „црвените“ да слават.

Слични содржини