Клоп за победата на Сити: Многу тежок натпревар, со многу интензивна игра, но вредeшe

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше воодушевен од победата на Манчестер Сити од 3:1.

Тој ги пофали своите играчи за нивниот настап за време на натпреварот и изјави дека ова е единствениот начин на кој може да ги победи „граѓаните“.

„Тие беа добри. О, тие беа многу добри и моравме да се браниме со сите сили, но постигнавме одлични голови. Беше многу тежок натпревар, со многу интензивна игра. Но, сето тоа вредeшe, беше убаво. Момчињата беа целосно фокусирани и сконцентрирани. Тие добро се справија. Тоа е единствениот начин на кој можеме да го победиме Сити. Другите екипи може да ги победиме на друг начин, но ние го знаеме само овој“, рече Клоп.

Слични содржини