
Како објава за војна, ваака Северна Кореја ги оценува новите санкции наметнати од Советот за безбедност. Ова беше објавено од страна на Гардијан. Пјонгјанг им се заканува на земјите што ги поддржаа строги мерки.
Според властите, тие за нивната одлука “ќе платат висока цена” . Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на КНДР, објавија државните новински агенции.
Исто така, вели дека САД се плашат од нуклеарната енергија во Северна Кореја, и таквите дела се паника. Резолуцијата на Советот за безбедност е еднакво на економска блокада, се вели во соопштението.
Советот за безбедност едногласно ги одобри претходно воведените построги санкции против Северна Кореја за продолжување на нуклеарното тестирање на Пјонгјанг.
Од 1 јануари, ограничувањето на снабдувањето со нафта што Северна Кореја би можело да го прими не изнесува повеќе од 2 милиони и 500 илјади барели годишно. Забрането е снабдување храна и земјоделски производи наменети за Пјонгјанг, исто така и машини, електрични апарати, дрво.
Исто така, постои забрана за увоз на индустриска опрема, транспортни средства, железо, челик и други метали. Збраната е изречена и за 16 лица од режимот на оваа држава.
Нивните средства надвор од Северна Кореја се замрзнуваат. Севернокорејците во странство, испраќајќи пари на своите роднини во земјата, мора да бидат вратени во рок од 12 месеци.
Да потсетиме дека на крајот од ноември Пјонгјанг изврши истрелување на интерконтинентална ракета, со која, според севернокорејските власти, може да стигне до континенталната територија на САД.