Кнежевиќ: Бев шокирана кога синот ми кажа дека е геј, но се гордеам со него, тој е супер дете

од Nikola Popovski

„Ова е прво излегување на родител на ЛГБТИ дете во јавниот етер. Јас јавно зборувам меѓу пријатели и жалам што порано не се одлучив да излезам во јавност“, вели психијатрот и родител на ЛГБТ дете, Славица Гајдаѕис Кнежeвиќ, за емисијата „Клик плус“.

Таа вели дека се почесто се среќава со семејства во траорни ситуации.

„Нивните потешкотии ме тераат да направиме нешто повеќе и да создадеме групи за поддршка на овие родители, за што побрзо да ја прифатат реалноста на своите деца“, вели Kнежевиќ.

Според неа, првиот момент кога дознала дека нејзиниот син е геј маж, била шокирана.

„Бев неколку дена во посета кај него, тој студираше во странство и тогаш имаше 21 година. Реагирав на лош начин и жалам за тоа. Брзо се консолидирав за разлика од други родители, иако му бев лута што дознав последна. Сепак се гордеам со него, тој е супер дете“, изјави родителот, дополнувајќи дека нејзиниот син во тоа време имал период на експериментирање и себеоткривање.

Слични содржини