Коалиција Менуваме: Лицата со попреченост имаат право на еднаков пристап во Скопје

од Vladimir Zorba

Коалицијата Менуваме по повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост посочуваат дека лицата со попреченост немаат еднаков пристап во градот Скопје и бараат итна средба со градоначалничката Данела Арсовска.

-Посетивме неколку институции да видиме дали Градот Скопје им овозможува на сите свои граѓани да се движат самостојно. Причината поради што ја правиме оваа истрага е затоа што градоначалничката има должност да обезбеди севкупен пристап на лицата со попреченост во секојдневието, појаснуваат во соопштението.

Од Коалицијата сметаат дека е потребна Агенда 2030, која ќе вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попреченост и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално, така и на национално ниво.

Според Коалицијата, потребен е еднаков третман, пристапни детски игралишта, пристапен паркинг, пристапност за лицата со оштетен слух, пристапни јавни тоалети, пристапни пешачки премини, пристапни пешачки патеки, пристапни објекти надвор и внатре и пристапен јавен транспорт.

Од Коалицијата посочуваат дека оваа матрицата ги илустрира различните сектори, кои можат да придонесат за креирање и реализирање на стратегија за Град Скопје.

-Држава која претендира за влез во Европската Унија недозволиво е да се однесува дискриминирачки и манипулативно кон децата и лицата со попреченост. Градоначалничката треба да биде запознаена со непочувањето на основните права на лицата со попреченост т.е. недоволен пристап во Град Скопје, појаснуваат во соопштение.

Слични содржини