Кога Кинезите ќе ја оживеат познатата „Буба“ (видео+фото)

од Nikola Popovski

Кинеската компанија „Ора“, подружница на кинескиот автомобилски гигант „Грејт Вол“, ја оживеа легендарната „Буба“, која „Фолксваген“ ја произведе во два наврати. Кинезите направија реплика на оригиналната „Буба“, која дебитираше во 1938 година, се произведуваше во Европа до 1979 година, а во Јужна Америка до првите години на 21 век.

Германската компанија ја обнови „Бубата“ во нова верзија на крајот на деведесеттите и ја произведуваше до 2019 година. Новата реинкарнација на легендарниот автомобил доаѓа од Кина, а беше претставена на Саемот за автомобили во Шангај.

Кинеската „Буба“ се вика „ора панк кет“, има четири врати и електричен погон.

Засега нема многу детали за техничките карактеристики на новата „Буба“ од Кина, пишува „Карскупс“.

Патем, компанијата „Ора“ е основана од „Грејт вол“, со цел да произведува електрични автомобили. Минатата година на саемот во Индија го претстави еден од најевтините електрични автомобили во светот, моделот „Ора Р1“, чија цена започна од 7.600 евра.

Слични содржини