Кога Меси ќе ти го побара дресот: Голманот на Елче во неверување (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерите на Барселона го совладаа Елче со 3: 0, а на крајот од овој натпревар, Лионел Меси направи одличен гест.

Едгар Бадија прими три гола од Барса, Меси матираше во 48-та и 68-та минута, а на крајот Лео го изненади ова момче.

Прво, Бадиja го доби дресот на Меси, но тој не ни очекуваше дека Лионел ќе ја сака неговата опрема.

Изненаден, чуварот на мрежата на Елче ја изврши џентлменската размена и му се заблагодари на Аргентинецот за реципрочната почит.

loading...

Слични содржини