Кои се 20-те најскапи трансфери оваа зима?

од Vladimir Zorba

Зимскиот трансфер прозорец беше дефинитивно доста динамичен и некои од големите тимови направија многу сериозни договори.

Алексис Санчез, Пјер Емерик Обамејанг, Филипе Кутињо и други ѕвезди ги сменија своите тимови.

Интересно е дека Чилеанецот не влезе во рангирањето, бидејќи тука станува збор за размена со Хендрик Миктаријан.

Изданието Goal.com ја состави листата на најскапи трансфери на зимскиот трансфер прозорец.

Еве кои се тие:

20. Сандро Вагнер – од Хофенхајм во Баерн – 10,7 милиони евра
19. Франсес Коклен – од Арсенал во Валенсија – 12 милиони евра
18. Јурген Локадија – од ПСВ Ајндховен во Брајтон – 14 милиони евра
17. Баду Ндиае – од Галатасарај во Стоук – 14 милиони евра
16. Рос Баркли – од Евертон во Челзи – 15 милиони евра
15. Емерсон Палмиери – од Рома во Челзи – 17 милиони евра
14. Пјетро Пелегри – од Џенова во Монако – 17,5 милиони евра
13. Андре Ају – од Вест Хем во Свонси – 18 милиони евра
12. Оливие Жиру – од Арсенал во Челзи – 18 милиони евра
11. Мануел Аканџи – од Базел во Борусија Дортмунд – 18,7 милиони евра
10. Гвидо Кариљо – од Монако во Саутемптон – 19,1 милиони евра
9. Тио Волкот – од Арсенал во Евертон – 20 милиони евра
8. Лукас Моура – од ПСЖ во Тотенхем – 25 милиони евра
7. Џенк Тосун – од Бешиктас во Евертон – 27 милиони евра
6. Иниго Мартинез – од Реал Сосиедад во Атлетик Билбао – 28 милиони евра
5. Седрик Бакамбу – од Виљареал во Пекинг Гуан – 35,3 милиони евра
4. Пјер Емерик Обамејанг – од Борусија Дортмунд во Арсенал – 55 милиони евра
3. Ајмерик Лапорт – од Атлетик Билбао во Манчестер Сити – 57,2 милиони евра
2. Вирџил Ван Дајк – од Саутемптон во Ливерпул – 75 милиони евра
1. Филипе Кутињо – од Ливерпул во Барселона – 106 милиони евра.

Слични содржини