Традиционалното место на кое поголем дел од паровите имаат секс, е спалната соба. Сепак ништо не може да се спореди со удобноста на вашето сопствено легло, чистите чаршафи и пријатната атмосфера.baffe45317efffb8c557dba05d091e2c

Колку и да е убава забавата меѓу чаршафите сепак, знаете дека рутината е способна да го  расипе и најубавиот сексуален живот.

Од оваа причина поголем дел од луѓето понекогаш одлучуваат да сменат секс локации и да се насочат кон некое поинакво место од спалната соба.

Кои сепак се најпосакуваните места за интимност со партнерот? Резултатите од неодамнешното истражување се категорични:

Во дневната соба

На прво место како втора омилена секс локација по спалната соба се јавува дневната соба.Веројатно ова се должи на фактот дека многу парови сакаат да “се забавуваат” во својот дом, наместо да ризикуваат да бидат фатени на некое јавно место. Да не заборавиме и дека софата е речиси толку згодена, колку што е креветот.

Во бањата

И поконкретно – под туш. Второ место во рангирањето зазема сексот под млаз вода. Повторно имаме лесен пристап до место, без опасност партнерите да бидат уловени од некого. Да не заборавиме и дека сексот под топлиот млаз вода може да ги вжешти уште повеќе страстите помеѓу двајца луѓе.

Во автомобилот

Третото место се доделува на возилото. Иако местото во него да е ограничено, понекогаш имагинацијата на двајца возбудени е доволно “силна” да победи секакви непријатности во еден автомобил. Пак и сепак е важно парот да се забавува, иако не лежи врз кралски кревет.

На плажа

Дури и само еднаш во годината кога е лето, многу од паровите ја користат можноста за секс на плажа. Иако местото е доста непријатно за интимност, факт е дека голем дел од жените и мажите немаат ништо против да имаат секс токму врз песокот. Само внимавајте да не се најдете на некое обележје за туристи во некое одморалиште.

Слични содржини