Кои се новите потпретседатели на СДСМ?

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за економски прашања – Фатмир Битиќи и министерката за образование, Мила Царовска се избрани за потпретседатели на 26 конгрес на СДСМ кој се одржува денеска.

Потпретседателите се избираат на предлог на претседателот на партијата – премиерот Зоран Заев.

Заев претходно во својот говор посочи дека СДСМ во изминатите четири години се променил многу, но и дека процесот на промени ќе продолжи.

„Во овие четири години СДСМ се промени многу, особено во начинот на работа и функционирање, во процесите на уште поголема демократизација на партијата. Ја отворивме партијата за сите кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и кои се подготвени да работат за доброто на државата и граѓаните. Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, но и го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ“, истакна Заев.

Слични содржини