Кој е мажот кој го застрела поранешниот јапонски премиер? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тецуја Јамагами (41), кој го застрела поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, бил веднаш уапсен.

Тој е поранешен припадник на јапонската морнарица, пренесува Фуџи ТВ. Воената служба ја напуштил во 2005 година.

Осомничениот, кој веднаш по пукањето бил уапсен, не се обидел да побегне, а НХК јавува дека полицијата му го одземала оружјето и го идентификувала.

Поранешниот лидер на владејачката Либерално-демократска партија беше застрелан во грб за време на посетата на градот Нара, како дел од кампањата за изборите во недела.

НХК објави дека Абе бил застрелан повеќе пати, а откако бил погоден по втор пат, тој паднал на земја стегајќи ги градите. Очевидци тврдат дека обилно крварел.

Тој во свесна состојба со хеликоптер бил пренесен во болница.

Слични содржини