Која е разликата меѓу машкиот и женскиот оргазам?

од Stefanija Kuzmanovska

Машкиот и женскиот оргазам се разликуваат во една работа.

Мажите немаат големи проблеми со постигнување оргазам. Сепак, дали некогаш сте се запрашале како се чувствуваат за време на оргазмот и кои се разликите во споредба со кулминацијата на жената?

КРАТКО

За оние кои сè уште не знаат, оргазмот кај жените може да трае и до 30 секунди. Мажите не се благословени со такво времетраење – нивниот врв трае од три до максимум 12 секунди.

ЕДНОКРАТЕН

Додека жените можат да доживеат повеќе оргазми еден по друг, за мажите правилото е – еден истрел. А за повторно „полнење“ обично е потребно да се почека малку, наведува „Пинк.рс“.

ПОМАЛКУ ИНТЕНЗИВНО

За време на оргазмот, истите процеси се случуваат во мозокот и кај жените и кај мажите, односно се активираат хормоните на среќата. Интензитетот на машкиот и женскиот врв е всушност ист – освен што женскиот трае подолго, па поради тоа е и едноставно поинтензивен.

ПОЛЕСНО Е ДА СЕ ПОСТИГНЕ

Единствениот недостаток на кулминацијата кај жените е што поретко го доживуваат. Имено, жените се борат да доживеат оргазам за време на сексот, додека нивниот партнер скоро секогаш успева.

Слични содржини