Која е секс робинката од Југославија на Епштајн: Патувала со него во авион

од Aleksandar Petrovski

Русокосата убавица, која на почетокот била наводно сексуална робинка на педофилот Џефри Епштајн, а потоа заедно со него подведувала и малолетнички, се наоѓа на списокот на патници на неговите авиони, во кој има многу богати и славни луѓе.

Надја Марчинкова, кого Епштајн наводно ја донел во САД околу 2001 година, кога имала 15 години, нарекувајќи ја своја „југословенска робинка“, поминала години со починатиот педофил, судејќи според наводните жртви, фотографии и извештаи.

Се верува дека летала заедно со Епштајн, вклучувајќи го и неговиот авион „Лолита експрес“.

Епштајн ја „купил“ Марчинкова од нејзиното семејство, рече претходно една од жртвите која го обвини педофилот, објави „Дејли меил“, иако нејзините роднини негираат.
Таа додаде дека еднаш била платена за орален секс со Надја, кога биле тинејџери, околу 2002 година.

– Епштајн даваше упатства и плаќаше (жртвата) да има сексуални односи со неговата пријателка (Марчинкова) – се наведува во соопштението.

Женските сексуални игри вклучуваат „употреба на дилдо, големи гумени пениси и други уреди што ги имал на располагање Епштајн“, се наведува во документот, пренесува Дејли меил.

Епштајн „ги гледал како имаат секс и мастурбираат“, а потоа имал орален секс со нив, тврди жртвата.
Марчинкова, која сега има 33 или 34 години, наводно подоцна започнала да носи малолетни лица за Епштајн, откриваат судските документи. Нејзиниот адвокат го негираше тоа, велејќи дека Надја е само една од жртвите.

Надја не е обвинета за какво било дело во врска со случајот Епштајн.

„Југословенската сексуална робинка“ е опишана како лојална на педофилот и, наводно, го посетила околу 90 пати додека бил во затвор во Флорида во 2008 година, затоа што предизвикал малолетничка да има сексуални односи.
Посетите предизвикаа негодување откако деталите се појавија години подоцна, а критичарите забележаа дека Марчинкова, наводно, била една од неговите поранешни жртви и имала придобивки што затворениците обично не ги добиваат.

Фотографиите што се појавија минатата недела ги покажуваат Надија и Џефри на неговиот приватен остров на Карибите, познат како „Остров педофил“, поради неговите болни дела.

– Се чини дека Надја и Џефри навистина се сакаа. Се чинеше како да се во романтична врска, тие често се држеа за раце – изјави извор за „Дејли меил“.
Нејзиниот адвокат рече дека е „многу трауматизирана“ поради времето поминато со педофилот.

Марчинкова работеше како модел и пилот неколку години, а исто така влезе во бизнисот со недвижнини.

За потсетување, вчера беше објавено дека податоците за летовите на авионот на Џефри Епштајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени на суд, што предизвика страв кај богатите и славните кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил кој почина откако изврши самоубиство во затвор.

loading...

Слични содржини