Која е тајната на Вивиен Вествуд за вечна младост?

од Vladimir Zorba

Во рамките на Париската модна недела познатата дизајнерка Вивиен Вествуд, популаризирајќи ги стиловите панк и њу вејв, ја откри тајната на вечната младост, уверувајќи дека човек не треба да се мие премногу често, пренесе Франс прес.

Одговарајќи на новинарско прашање “Што прави за да изгледа толку млада?”, 76-годишната Вествуд изјави по презентацијата на колекцијата на нејзиниот сопруг и креативен директор на нејзиниот бренд Андреас Кронталер: “Не се мијте премногу често”.

“Таа се бања еднаш неделно – затоа е толку сива”, додаде 25-годишниот дизајнер роден во Австрија. “Јас го правам тоа еднаш месечно”, се шегува Кронталер, кого Вествуд го претставува како најголем дизајнер во светот.

Слични содржини