КОЛКУ Е ТЕШКО ДА СЕ ДОБИЕ ТЕРМИН ЗА ЛЕКАР ВО ГЕРМАНИЈА? Луѓето чекаат од 04:45 часот, има недостиг од лекари

од Vladimir Zorba
25 прегледи

На Германија и недостасуваат општи лекари. Ова е проблем на кој се почесто предупредува лекарската фела. Пациентите чекаат до три месеци за преглед кај лекар.

Колку е сериозна ситуацијата покажа видеото кое го објави германскиот RTL, а на кое се гледаат луѓе кои од раните утрински часови чекаат ред пред лекарската ординација во Герлиц во Саксонија за евентуално да закажат термин со доктор. Затоа што не е сигурно дека ќе го добијат.

Имено, во Герлиц е отворена нова ординација, па луѓето стравувајќи дека нема да можат да закажат телефонски термин пристигнале во раните утрински часови за да го чекаат почетокот на работата на ординацијата.

– Овде седам од 4 часот и 45 минути наутро. Станав многу рано за да добијам едно од посакуваните места, вели Јан Факелман за RTL.

Факелман веќе една година живее во Герлиц. Речиси е невозможно да се најде матичен лекар. Се јавувал по разни ординации, се ставал на листа на чекање и преку колегите се обидувал некако да добие матичен лекар. Засега без успех.

Потребата од општи лекари е далеку од задоволителна, покажува картата на Националната асоцијација на лекари со задолжително здравствено осигурување.

Се помалку лекари

Има се помалку лекари кои сакаат да склучат договор за општа пракса, особено во руралните средини. Постојаните лекари во секторот за општа пракса имаат посебни потешкотии да најдат наследник.

Има многу причини за тоа: буџетот, зголемената бирократизација и слабата рурална инфраструктура се меѓу нив.

Во исто време, многу лекари не го завршуваат своето образование и обука во специјализирани области кои се неопходни за да се обезбеди сеопфатна амбулантска нега на населението. Недостигот од лекари ја става на ризик сеопфатната, 24-часовна нега.

Лекарите со задолжително здравствено осигурување очекуваат подолго време на чекање за лекарски прегледи поради недостиг на кадар и немање финансиски средства во ординациите.

Според лекарите од задолжително здравствено осигурување, околу 70 милиони луѓе со задолжително здравствено осигурување треба значително подолго да чекаат за преглед на лекар. Претседателот на Националната асоцијација на лекари со задолжително здравствено осигурување (КВВ), Андреас Гасен, на крајот на минатата година изјави дека времето на чекање за преглед кај лекар е околу два и пол месеци.

Слични содржини